ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Зошто треба да се зачуваат матичните клетки од крвта од папочната врвца?

Крвта од папочната врвца содржи најголема концентрација на матични клетки од било кој друг извор на матични клетки во човековиот организам. Ова е најдобра и уникатна шанса во животот на детето за нивно колектирање и криопрезевирање. Матичните клетки од папочна врвца се здрави и интактни клетки, недопрени од надворешен фактор на влијание, ниту пак од некој друг извор (вирусни, бактериски или малигни ефекти) кој би предизвикал мутирање на истите.

Поради плурипотентната способност на матичните клетки од папочната врвца, истите имаат голема можност за размножување и подобра имунокомпатибилност помеѓу членови во едно семејство.

Употребата на матични клетки е започната уште во 1988 година, со примена во третман на апластична анемија; а 20 години подоцна, се третираат повеќе од 80 малигни и немалигни заболувања ширум светот.