Зашто графтот од крв од папочна врвца има поголема вредност од оној од коскена срцевина?
Предности на матичните клетки од папочна врвца во однос на матичните клетки коскена срцевина кај возрасни:
- Собирањето на матични клетки од крв од папочна врвца после породување е безболно за разлика од процедурата за земање на матични клетки од коскена срцевина кога е потребна целосна анестезија, а и самата процедура трае подолго.
- Матичните клетки од крв од папочна врвца може да се користат во рамките на семејството бидејќи се млади и имаат поголема хистокомпатибилност. За разлика од нив матичните клетки од коскена срцевина се постари и имаат потреба од поголемо совпаѓање помеѓу донорот и приметелот.
- Преживувањето на пациентите после трансплантација на матични клетки од крв од папочна врвца е двојно поголемо во однос на преживувањето кога се трансплантираат матични клетки од коскена срцевина.
- Навременото зачувување на матични клетки од крв од папочна врвца ви штеди време и пари потребни за наоѓање на компатибилен донор.
- Graft versus host disease (отфрлање на трансплантатот) ретко се јавува кога се применуваат матични клетки од крв од папочна врвца. Овој синдром некогаш може да биде смтроносен за пациентот особено во случаи кога се јавува веднаш по трансплантацијата.
Крвта од папочната врвца содржи огромен број на млади матични клетки кои имаат голема способност за пролиферација и диференцијација, нешто што не се случува кај постарите матични клетки од коскена срцевина.