ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Поими и услови

БиоСтем Ви посакува добредојде на нашиот портал. Овој документ содржи многу важни информации за условите за употреба на порталот. Ве молиме внимателно прочитајте ги следните информации. Со влегување во порталот и проследување на страниците, Вие се согласувате на почитување на овие услови. Доколку не се согласувате да ги почитувате условите, Ве молиме напуштете ја страницата.

Рестрикција за употреба и сопственост

Сите страни во склоп на овој портал се сопственост на БиоСтем и/или неговите филијали и ограноци. Содржината на порталот е дадена само за информативни цели. Можете да го користите порталот само за Ваши лични, некомерцијални цели, а не за здобивање на лична корист. Како услов за користење на овој портал Вие ни гарантирате дека нема истиот да го користите за цели кои се спротивни на законот или условите за негово користење. Доколку прекршите некое од правилата за користење, Вашата авторизација за употреба автоматски се прекинува и Вие морате веднаш да ги уништите сите печатени или симнати материјали. Содржините на овој портал вклучувајќи текстови, слики, аудио и видео не може да бидат дистрибуирани, изменети, репродуцирани или користени во целост или делумно без претходна писмена согласност, освен што истите може да бидат симнати за лична некомерцијална употреба, со напомена да се запазат сите заштитени знаци, авторски права и останати права на сопственост. Во тој контекст, секоја употреба на овие материјали на друг портал или мрежен компјутер за било каква намена е забранета. Забрането е правење копии на материјалите од овој портал за комерцијални цели. Ние го задржуваме секое и сите права кои произлегуваат од овие услови.

Пазарно одбележје

БиоСтем и www.biostem.com.mk се наш пазарен и сервисен заштитен знак.

Без медицински совет

Овој портал не дава медицински совети. Ништо што ќе дознаете од овој портал не може да се третира како медицински совет. Треба да бидете свесни дека содржините кои ние ги обезбедуваме се за општа употреба и само за едукативни цели и не треба да се користат за дијагностички цели или за третмани на болести. Тоа не претставува замена за професионална грижа. Информациите што ги добивате од овој портал може да не бидат соодветни за Вашата состојба или може погрешно да бидат протолкувани. Ние не превземаме никаква одговорност за тоа како Вие ја користите информацијата добиена од овој портал. Исто така, Ве молиме да имате предвид дека, иако ние тежнееме да секогаш да ги имаме најновите информации, медицинските новитети настапуваат брзо и некои податоци може да бидат застарени. Не треба да користите материјал од овој портал за правење публикации за рекламни цели или како гаранција за некаква Ваша стратегија, препорака, третман, терапија или постапка сугерирана или опишана од авторот на содржината. За совет во врска со Вашата ситуација обратете се кај Вашиот лекар или друго медицинско лице!

Приватност

Податоци за регистрацијата и други информации кои се однесуваат на Вас се предмет на нашата политика за тајност.

Гарантен демант

Овој портал, вклучувајќи секаква содржина или информација која е во него содржана или било кој друг портал со слична содржина, се базира на "како што е"и "како што е достапно" - основа. БиоСтем категорично одбива претставувања или гаранции од било кој вид, било да се изјавени или имплицирани, вклучувајќи, но, не ограничувајќи се на имплицираните гаранции за продажната вредност, погодноста за поедина намена и непрекршување. Вие ја носите целата одговорност и ризик врзани со Вашата употреба на овој портал, услугите поврзани со порталот и линкувани веб страни. Ниедна вербална или пишувана информација или совет даден од нас или нашите овластени претставници не претставува гаранција или не го зголемува делокругот на оваа гаранција. БиоСтем не гарантира за прецизноста, адекватноста или комплетноста на информациите и материјалите и категорично одбива секаква одговорност во поглед на можни грешки или недостатоци на истите. Ние не даваме гаранција дека употребата на овој портал ќе биде без грешки или пречки. Вие сте одговорни за превземање на соодветни мерки на сигурност за да се осигурате дека содржината што ја превземат од овој портал е без вируси или друг вид на потенцијална опасност за Вашиот компјутер.

Ограничена одговорност

Ние, нашите филијали, доставувачи и трети страни споменати на овој портал не сме одговорни за ниедна директна, индиректна, случајна, последователна, специјална, примерна, казнива или било какви штети (вклучувајќи ги без ограничување, оние кои се резултат на изгубени профити, изгубени податоци или проблеми во работењето) кои произлегуваат или се поврзани на некој начин со овој портал, услуги и продукти поврзани со него, содржина или информација содржана во него и/или линкувани портали без оглед на тоа дали е базирано на гаранција, договор, прекршок или некоја друга легална теорија и дали е или не е препорачлива можноста за такви штети. Ваше единствено средтсво доколку сте незадоволни од овој портал, услугите поврзани со него и/или линкувани портали, е да престанете да го користите него и/или тие услуги. Некои надлежности не дозволуваат ислкучување или ограничување на случајни или последователни штети така што горенаведеното ограничување или исклучување може да не се однесуваат на Вас.

Прецизност и целосност на информацијата

И покрај тоа што ние се обидуваме да обезбедиме интегритет и прецизност на овој портал, не можеме да гарантираме за неговата исправност или точност. Можно е порталот да содржи типографски грешки, неточности или други грешки како и појава на неавторизирани додавања, бришења или измени на истиот од страна на трети лица. Во случај на појава неточности, Ве молиме да не информирате за да истите бидат корегирани. Информациите кои се содржани на овој портал може да бидат сменети или надградени без најава.

Поврзувања со други портали

Овој портал може да содржи линкови кон веб страни на трети лица. Овие врски се обезбедени за погодност на корисниците. Ние не рекламираме други веб страни на кои Вие би можеле да влезете преку овој портал. Се надеваме дека разбирате деке тое е независно од нас и дека ние немаме контрола врз тие други веб страни. Како дополнение, линк кон друга страна не значи дека ние одобруваме или прифаќаме некаква одговорност за содржината или употребата на поврзаната страна. Ваша одговорност е превземање на соодветни мерки на претпазливост за да се осигурате дека материјалот што го превземате не содржи вируси и друго што би било со деструктивна природа. Доколку се одлучите да влезете на некоја од веб страните линкувани со овој портал, Вие тоа го правите на сопствен ризик.

Хиперлинкови со овој портал

Лица кои конструираат веб страни може да направат линк со била која од страните на овој портал. Сепак, не е дозволено копирање на било кој од материјалите од овој портал на Ваш веб сервер за било која намена. Исто така, не е дозволено поврзување со одредени елементи од овој портал (вклучувајќи слики, илустрации, дијаграми, копчиња, текст или било кои други елементи) со цел "поврзување"на истите, во контекст на други веб страни. Со други зборови, може да се поврзете со цели страни на овој портал или воопшто не се поврзувајте. Секоја друга употреба ќе биде прекршување на авторските права и може да снесува правни последици.

Право на измена на условите и содржината на нашиот портал

Ние го задржуваме правото за промена и измени во секое време, без претходна најава и немаме обврска да ги надградуваме информациите содржани на овој портал. Промените ќе бидат поставени на веб страната, така што корисниците треба да бидат известени за истото. БиоСтем може да направи промени во продуктите и/или услугите опишани на порталот во секое време.