ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Дали матичните клетки од крв од папочна врвца пролиферираат, па како резултат на тоа да имаме постојан или растечки број на матични клетки?

ДА. Матичните клетки може да пролиферираат во клеточните култури. Крвта на папочната врвца содржи две популации на матични клетки: ХЕМАТОПОЕТСКИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ и ПЛУРИПОТЕНТНИ КЛЕТКИ кои може да се трансформираат во остеоцити (коскени клетки), хондроцити (рскавични клетки), мускулни клетки, нервни клетки, хепатоцити (клетки на црн дроб) или клетки на панкрес. Хемтопоетските матични клетки ја опфаќаат најзрелата популација и имаат и имаат најмногу три клеточни делби пред апоптозата.

Остатокот од клеточната популација е претставен со понезрели клетки кои моѓе да се делат дури до 40 пати без клеточна атипизација и диференцијација. Поради сите овие причини прилиферацијата на хематопоетските клетки не се употребува денес за зголемување на бројот на хематопоетските клетки меѓутоа е многу корисна за третмани на леукемија во случај кога имаме мал број на клетки или зголемена тежина кај пациентот.

Клеточната пролиферација може да се примени кај незрелата популација на клетки (плурипотентни) за зголемување на бројот на клетките или за нивна диференцијација во различни типови на клетки во регенеративната медецина.

Biohellenika применува специјален метод со кој се настојува да се собере што е можно поголем број на матични клетки по природен пат без дополнителна потреба од пролиферација. Овој метод е објавен во Transplantation Prodeeding Journal, Tsagias et al 2007 и се однесува на собирањето на преостанатите матични клетки од проширената мреша на крви садови кои не може да се екстрахираат со класичната иницијална селекција. Со примената на овој метод понекогаш бројот на изолирани матични клетки може да е двојно поголем.