ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Која е предноста на зачувување матични клетки кога постои можност за нивно добивање од јавна банка (наоѓање компатибилен донор)?

Кога детето нема зачувано матични клетки и заради болест има потреба од истите, најдобра шанса за наоѓање компатибилни матични клетки се неговиот брат или сестра. Матичните клетки од потесното семејство се покомпатибилни за разлика од матичните клетки кои се добиваат од непознат донор. Јавната банка има главна улога да обезбеди хистокомбатибилен графт само во случај кога детето нема брат или сестра.

Кога постои мала хистокомпатибилност при алогена трансплантација многу е висок ризикот да настане graft vs host disease(отфрлање на графтот). Затоа пациентите за да го избегнат отфрлањето на графтот примаат континуирано имуносупресивна терапија која може да има штетни ефекти. Најголемата предност при примена на хистокомпатибилен графт од семејството е тоа што се знае фамилијарната историја па лесно може да се следи доколку постои некоја хередитарна болест или некоја вирусна контаминација. Најважно од се е дека матичните клетки од крв од папочна врвца се многу млади со нецелосно формиран HLA систем,па затоа многу е мал ризикот да се отфрли графтот при трансплантација. Додека матичните клетки од коскена срцевина се постари и позрели па постои голем ризик за отфрлање на графтот при трансплантација дури и во случај кога графтовите се хистокомпатибилни и фамилијарно поврзани.

Родителите кои имаат изолирано матични клетки од крв од папочна врвца и потоа ги имаат доброволно донирано,во случај во иднина да имаат потреба од истите ќе мора да се обратат на јавна банка која ќе им наплати 20 000 - 30 000 евра од графт без можност за рефундирање на средствата во случај на отфрлање на графтот. Ова е интернационална полиса и според неа не се битни парите, туку неопходноста да се најде компатибилен графт.

Не може да се предвиди времето кое и е потребно на јавната банка за пронаоѓање компатибилен графт, а големо значење има и HLA типот. Времето работи против пациентот и кај повеќе од 30 % од пациентите имуниот систем го отфрла алогениот компатибилен графт. Ова е последица на различниот геном помеѓу донорот и примателот.

Заради сите овие причини приватните банки се од големо значење и вредност за целото семејство.