За BIOHELLENIKA
Biohellenika е основана од страна на универзитетски доктори од универзитетот Аристотел од Солун кои работат на полето на изолација и криопрезервација на матични клетки од 1987 година. Научниот тим на Biohellenika се состои од тројца професори (Ембриологија, Хематологија и Биохемија), 16 доктори на науки и магистри и уште 30 лица кои работат 24 часа дневно, 7 дена неделно со цел да ги задоволат или остварат сите барања на клиентите.
Biohellenika е единствена лабораторија која располага со сертификат од националниот институт за Акредитација од Р.Грција во склоп на легислативите од ЕУ (уверение бр.410, 8/2/2008 согласно со законот 3066/2002) со што се добива можност за интернационално признавање на услугите што ги нуди Biohellenika.
Clean rooms се сертифицирани со BSR сертификат од ISO 14644-5 кои што работат според JMP протокол и се дизајнираат конкретно за работа со матични клетки. Секои шест месеци во лабораториите на Biohellenika се врши ревизија од страна на Lioyd's registry quality assurance со што се обезбедува контрола и квалитет на процедурите за изолација и криопрезервација на матични клетки од крв од папочна врвца, парче од папочна врвца, плацента, млечни заби, умници и масно ткиво. Според ISO 13485:2003 Biohellenika доби сертификат за криопрезервација на матични клекти во криовијали.
Од 2010 година Biohellenika стана единствен сопственик во регионот и трета лабораторија во Европа на ABBA сертификат, кој укажува на чистотата, квалитетот и можноста за апликација во било која болница во светот.
Biohellenika со оптимизам ја очекува иднината, со секојдневна грижа, за да ја придобие вашата доверба, секогаш блиску до идните потреби на вашето дете.
Галерија
https://biostem.com.mk/index.php/biohellenika#sigProGalleria123b8f0c87