ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Возрасни матични клетки:

недиференцирани клетки кои може да се најдат во целото тело после ембрионалниот развој, кои се размножуваат со клеточна делба за да ги надополнат изумрените клетки и регенерираат оштетеното ткиво. Тие може да се најдат како кај младите така и кај возрасните животни и луѓе. Матичните клетки од возрасни организми може да бидат уни -потентни (да се претворат само во еден специфичен тип на клетка) или мултипотентни (да се претворат во различни типови на клетки). За разлика од ембрионалните матични клетки, употребата на возрасни матични клетки не се смета за контроверзна, бидејќи тие се добиени од возрасно ткиво, а не од уништени човечки ембриони.

Алел:

алели се различни верзии на еден ген. Секој алел се разликува во еден или повеќе параметри во редоследот на нуклеотидите (структурна единица на ДНК). Овие разлики се појавуваат со мутација во историјата на видовите или генетска рекомбинација. Сите алели на генот го окупираат истиот локус (позиција) на еден хромозом.

Алогени:

клетки од донатор, друго лице, за разлика од автологните клетки, кои се добиени од сопственото тело.

Антиген:

антиген може да биде "авто" и "не-авто"."Не-авто", антиген е супстанција / молекула која, кога се внесува во телото предизвикува производство на антитела од страна на имунолошкиот систем, кои потоа го убиваат или неутрализираат антигенот кој е препознаен како страно и потенцијално штетно тело. Овие напаѓачи може да бидат молекули, како што се поленот или клетки како што се бактериите. "Авто" антигените обично се толерирани од страна на имуниот систем.

Автологна:

клетки од сопственото тело, за разлика од клетки од донатор.

Крв од папочна врвца (или крв од плацента):

крв која се наоѓа во плацентата и папочната врвца.

Единица крв од папочна врвца:

Плацентарната крв собрана од папочната врвца овозможува подготовка на единица на плацентарна крв. Центрите за трансплантација зборуваат за единици крв од папочна врвца кои се користат од страна на примателите на транспланти. Употребата на плацентарната крв во вршењето на трансплантации првично беше ограничена само на деца. Денес, станува возможно од две единици на крв од папочна врвца да се добие количина доволна како графт за возрасен.

Ембрионални матични клетки:

клетки од ембрион стар од 5 до 7 дена, кои се способни да создадат повеќе од 200 типови на клетки претставници на сите ткива во телото. Овие матични клетки може да бидат тотипотентни или плурипотентни.

ХЛА компатибилност:

Системот ХЛА или главниот хистокомпатибилен комплекс (МХК) е систем кој му овозможува на телото и неговиот имунолошки систем да го разликува своето (на пример, ткиво) од туѓото (вирус, бактерии и графтови). Елементите кои го немаат точниот тип на ХЛА ќе бидат нападнати од страна на имуниот систем. Секое човечко тело има свој ХЛА тип кој е високо полиморфен меѓу поединците. За време на трансплантацијата, ХЛА компатибилноста е од клучно значење за да се спречи отфрлање на трансплантот. Матичните клетки v 4.0 - 5/45

Индуцирани плурипотентни матични клетки:

индуцирани плурипотентни матични клетки или IPS клетки се матични клетки што се создадени од возрасни клетки како клетки на кожа, црн дроб, желудник или други зрели клетки преку внесување на гени кои ја репрограмираат клетката и ја трансформираат во клетка која ги има сите карактеристики на ембрионална матична клетка. Терминот плурипотентни се однесува на способноста на клетката да се претвори во повеќе типови на клетки, вклучувајќи ги и сите три ембрионални лози кои ги формираат органите на телото, нервниот систем, кожата, мускулите и скелетот. Досега, индуцираните плурипотентни матични клетки се чини дека ги покажуваат истите клучни карактеристики на ембрионалмите матични клетки.

Мултипотентни матични клетки:

се неспецијализирани клетки кои имаат способност за само-обновување низ долг временски период и се претвораат во специјализирани клетки со специфични функции. Потенцијалот за нивно специјализирање е ограничен и тие се ориентирани на производство на одредени типови на клетки. Тие се разликуваат од матичните клетки, како и плурипотентните кои може да се претворат до речиси било кој тип на клетки.

Прогениторни клетки:

прогениторна клетка е биолошка клетка која како и матичната клетка, има тенденција да се диференцира во специфичен тип на клетка, но веќе е поспецифицирана од матичната клетка и е насочена да се диференцира во нејзината целна клетка. Најважната разлика помеѓу матичните клетки и прогениторните клетки е дека матичните клетки може да се реплицираат на неопределено време а прогениторните клетки може да се делат ограничен број пати. Сеуште постојат различни гледишта околу точната дефиниција и самиот концепт е сеуште во разој.

Папочна врвца:

Папочната врвца го поврзува бебето со плацентата во утробата на мајката. Таа преку крвта го носи кислородот до бебето. На почетокот се мислеше дека папочната врвца е составена само од крвни садови. Меѓутоа, научниците докажале дека ткивото помеѓу кожата и крвните садови – позната како "Wharton's Jelly" – е еден од најбогатите извори на мезенхимални матични клетки во човековото тело.

Матични клетки:

биолошки клетки кои можат да се поделат и диференцираат во различни специјализирани типови на клетки, способни за самообновување, диференцирање во други типови на клетки и пролиферирање на култура. Матичните клетки се добиваат или од ембрионот или фетусот (ембрионални матични клетки) или од возрасно ткиво (возрасни матични клетки). Тие, исто така може да се добијат со трансфер на нуклеусот.
Тотипотентни матични клетки: недиференцирани клетки кои теоретски можат да создадат цел организам; клетките од најпрвите клеточни поделби на оплодената јајце клетка (до 4 ден).

Унипотентни матични клетки:

клетки кои се одговорни само за еден тип на диференцирани клетки.