Што се матични клетки?
Матичните клетки се примитивни клетки кои под соодветни услови можат да се претворат во било кои клеточни делови на телото. Крвта од папочната врвка и плацентата содржат најголема количина на здрави и млади матични клетки кои имаат подобра хистокомпатибилност помеѓу членовите на семејствата и поголем регенеративен капацитет заради нивната рана возраст. Можноста за собирање на овој биолошки материјал ни е дадена еднаш и единствено во нашите животи, за време на раѓањето.
МЕЗЕНХИМАЛНИ МАТИЧНИ КЛЕТКИ ОД ТКИВОТО НА ПАПОЧНАТА ВРВКА
Биохеленика има развиено технологија и им нуди на родителите чување на матичните клетки кои се распространети по целата должина на папочната врвка. На овој начин се експлоатира збирот на сите матични клетки и не е потребно размножување на клетките во иднина што значи дека нема никаков дополнителен трошок за семејството. Размножувањето на клетките не е пожелно за било кој вид на клетки, ниту за хематопоетски, ниту за мезенхимални. Меѓународните правила наметнуваат минимални интервенции во пролиферацијата на клетките;нивното размножување доведува до намален број на примарни матични клетки.
Различни лаборатории за матични клетки користат два начини на криопрезервација на мезенхималните матични клетки: криопрезервација на цели делови од папочната врвка или криопрезервација на матични клетки по нивното одвојување од ткивото.
Одделот за истражување и развој на Биохеленика ги испита и двата начини и заклучи дека криопрезервацијата на матичните клетки одвоени од ткивото на папочната врвка е многу подобра од криопрезервација на цели делови од папочната врвка. Резултатите од ова истражување се објавени во меѓународните списанија Transfusion Medicine 2011 и Journal of Biological Research 2011. На оваа одлука најмногу влијаеше заклучокот дека до денес не е опишан сигурен метод за криопрезервација на ткива или органи кој ќе ја докаже биоодржливостта после одмрзнувањето. Заради овие причини до денес не е формирана банка за криопрезервација на органи, на пример за бубрег;тој се пренесува по итна постапка во случаи кога е потребна негова донација. Со замрзнување на ткивото се криопрезервира само горниот слој на клетките на ткивото, а не и подлабоките слоеви, што резултира бројот на биоодржливи клетки по одмрзнувањето да биде мал и да е неопходно размножување на матичните клетки од примерокот.
Ткивото на папочната врвка содржи мезенхимални матични клетки и многу малку безначаен број на зрели крвни клетки. Заради тоа чувањето е насочено кон чување само на мезенхимални клетки.
Мезенхималните клетки од ткивото на папочната врвка ги задржуваат својствата на примарните клетки до одреден број на клеточни поделби. Од таму натака се однесуваат како зрели клетки со определени потенцијали за развој.
Заради сите горенаведени причини одбравме да нудиме целосна услуга за криопрезервација на матични клетки на родителите и воопшто не го ставивме во предвид дополнителното време и цената на овој метод на криопрезервација.
Мезенхималните клетки од ткивото на папочната врвка се употребуваат во комбинација со хематопоетски матични клетки во алогени трансплантации, поради пониската стапка на одбивање во случаи каде не постои целосна хистокомпатибилност и го забрзуваат заздравувањето на пациентот по трансплантацијата. Исто така се користат за терапија на автоимуни, трауматски и дегенеративни заболувања како склероза, јувинален ревматски артрит, улцеративен колит, срцева слабост, идиопатска белодробна фиброза, хронично опструктивно пулмонално заболување, за предвремено родени новороденчиња (развивање на мозокот, белите дробови и очите), фрактури, изгореници и пренесување на лекови во органите. Имплементацијата на матични клетки кај пациенти кои се хоспитализирани во единиците за интензивна нега, го намалува времето на нивно лекување и ја зголемува стапката на преживување на пациентот.
Претседавач на научниот совет на Биохеленика
Проф. Д-р Кокона Кузи Колиаку