Услуга за чување на матичните клетки од пулпата на млечните заби е една од поновите светски медицински услуги.
Нејзината цел е собирање на скапоцените биолошки ресурси на матичните клетки како "втора шанса", за децата кои што не ги сочувале матичните клетки во моментот на раѓање, се сметале како несоодветни, или веќе ги имаат искористено за терапевтска цел.
Млечните заби кај деца на возраст од 6 до 13 години се богати и изобилуваат со мезенхимални матични клетки, кои можат да најдат голема примена во терапија на одредени заболувања. Матичните клетки се наоѓаат во виталната пулпа на млачните заби, кои се колектираат при процесот на природното паѓање на истите (кога забчето се наоѓа во втор степен на луксација и коренот е ресорбиран 1/3). Изолирање на матични клетки се врши и од умниците кај возрасни индивидуи, кои се на возраст до 28 години.
Историјат и користење на матичните клетки од пулпата на млечните заби
Матичните клетки од млечните заби се откриени од страна на научниот тим на одделението за истражување на Националната Здравствена Институција на O.H. (N.I.H.).
При што се откри дека матичните клетки од млечните заби се способни да се обновиваат многу побргу од другите матични клетки кои се изолирани од други извори. Исто така ги откриле и извонредните способности на овие матични клетки, да создаваат нервни и коскени клетки. Научниот тим на одделението за истражување на Националната здравствена Организација на О.Н. (N.I.H.), меѓународни истражувачки организации, научници и истражувачки центри од светско реноме, како Harvard University, School of Dental Medicine Boston, Tufts и други, интензивно ги продолжуваат истражувањата за примена на матичните клетки од пулпата на млечните заби.
Кои видови на матични клетки се содржат во пулпата на млечните заби?
Остеобласти се клетки кои ја создаваат коската.
Дентивни се клетки кои ја создаваат пулпата и дентинот на забот.
Хондробласти ('Рскавични) се клетки кои ја создаваат 'рскавицата. Создавањето на 'рскавица се користи при терапија на артритис и за заболување на зглобовите.
Мастоцити (масни клетки) кои го создаваат масното ткиво и ја имаат способноста да го регенерираат срцевото ткиво после инфаркт на миокардот.
Мезенхимални клетки се клетки на сврзно ткиво, кои можат да се всадат во било кој орган или ткиво, за да ја зајакнат нивната одбрамбена функција.
Матичните клетки кои се извадени од пулпата на забите, се карактеризираат како матични клетки кои не се хематопоетични. Користењето на мезенхималните матични клетки во комбинација со хематопоетични матични клетки, го скратуваат времето за заздравување на болниот и го зголемуваат процентот за неговото преживување.
Каде во иднина можат да се користат матичните клетки од пулпата на млечните заби?
Денеска е општо прифатено дека поради природата и својствата на матичните клетки од млечните заби, во иднина можат да најдат примена во третман на одредени заболувања, како што наоѓаат примена матичните клетки од коскената срцевина и од крвта од папочната врвка.
Болестите кои се предвидени да се третираат:
Никнување на нови заби и лекување на околното забно ткиво:
- Всадување и развивање на нови заби со користење на дентални клетки
- Лекување на заби од кариес
- Терапија на околното забно ткиво (жлебина, забен канал и забни лигаменти)
- Употреба во Максилофацијалната хирургија како коскена трансплатација и лекување на масно ткиво.
Регенерација на ткивата
- Регенерација на миокардот после инфаркт
- Регенерација на мозокот после мозочен удар
- Регенерација на 'рбетниот мозок после повреда
Регенерација на коските и зглобовите
- Создавање на 'рскавици и лигаменти
- Лекување на фрактури
- Лекување на остеоартритис
Општи терапии
- Лекување на диабетис (шеќерна болест)
- Лекување на болеста Паркинсон
- Лекување на болеста Alzheimer
Земањето на матични клетки од млечните заби е една многу лесна и безболна процедура која дава доволно концентрација на мезенхимални клетки (до 2.000.000 од млечен заб) после првото делење на клетките.
Препорачливо е да се собираат и да се праќаат за обработка и криопрезервирање (замрзнување) најмалку два-три млечни заби од личност. Меѓутоа лабораториите на Biohellenika вршат култивирање на пронајдената концентрација на матичните клетки, па успешно криопрезервирање може да се врши и со екстрахирање на еден млечен заб.
Пет фази на вадење, обработка и криопрезервирање на матични клетки од пулпата на млечните заби
1. Родителот потпишува договор за криопрезервирање на матични клетки од млечен заб/умник, добива кит за колектирање на млечниот заб од компанијата Био Стем, каде се пополнува и специјален образец (податоци за телефонска комуникација и адреса на живеење, се пополнува барање за криопрезервирање, лекарски историјат на детето, информации за стоматологот кој ќе ја врши екстракцијата).
2. Container со конзерванс, кеса гел за одржување на температурата, изотермна кутија во која се пакува целиот сет, се чува во фрижидер најмалку 12 саати (пред екстракцијата на забот).
3. По екстракцијата, забот го ставаме во container-от, убаво го потопуваме во конзервансот, за да се одржува пулпата витална и на потребната температура.
4. Го ставаме container-от во изотермната кутија со кесата гел и го испраќаме веднаш во лабораториите на Biohellenika
5. Лабораторијата прво го обработува млечниот заб со вадење на пулпата, а процедурата продолжува со изолирање на матичните клетки од ткивото на пулпата.
Размножувањето на матичните клетки трае 20 до 25 дена, согласно со протоколот на Biohellenika.
Се издава уверение што ги опишува квалитативната и квантитативната состојба на клетките и потребните лабораториски мерења, како и специјалната дијаграмска слика на клетките.
Замрзнувањето на матичните клетки се врши во специјални шишиња, дупло обложени со cryoflex одвнатре, во течен азот на -196 степени.
Се чуваат безбедно на две различни места (Солун и Атина).