Историја на Био Стем
1988:
Првата трансплантација на матични клетки е изведена во Франција врз 5 годишно момче заболено од Fanconi синдромот (апластична анемија и глувост). Искористени се матични клетки од сестрата на момчето. Денеска, повеќе од 20 години по трансплантацијата, момчето е здрав возрасен човек.
1991:
Универзитетот на Синсинати во САД известува за 2 случаи на алогена трансплантација на матични клетки од крв од папочна врвца на нероднински донори со хронична миглена леукемија. Овие трансплантации го воспоставија третманот на болеста во кој традиционално се користат графтови од коскена срцевина со употреба на матични клетки од папочната врвца.
1992:
Првите јавни и приватни крио банки за матични клетки се отворени со САД и извршено е првото приватно зачувување преку замрзнување на матичните клетки од папочната врвца на детето на еден од оснивачите.
1995:
Во медцинскиот магазин Lancet, Вагнер, голем истражувач на полето на трансплантација на матични клетки и еден од неговите соработници известија за голема студија поврзана со трансплантација на матични клетки од крвта од папочната врвца кај сродни приматели. Резултатите од истражувањето покажуваат дека шансите за преживување и успешна трансплантација на матични клетки од крвта од папочната врвца се поголеми кога станува збор за роднини, отколку за компатибилни неродниски донори на коскена срцевина. Според, тоа се смета дека матичните клетки од крвта од папочната врвца се еднакво важни за терапевтска апликација како и матичните клетки кои потекнуваат од коскената срцевина.
1997:
Објавени се резултатите од уште едно важно истражување според кое, процентот на преживување на пациенти со леукемија кои биле подложени на третман со матични клетки од роднински донори е 63, додека од нероднински донори процентот на преживување бил само 23%.
1998:
Извршена е првата автологна трансплантација на матични клетки кои потекнуваат од крвта од папочната врвца (Искористени се матичните клетки од самото дете). Поради фактот што синот на едно семејство од Бразил заболел од леукемија, родителите решиле - што е нивна голема предност - да ги зачуваат матичните клетки од нивното следно дете. Второто дете со тек на време развило невробластом, малиген тумор на нервниот систем, кој е успешно истретиран со трансплантација на неговите сопствени матични клетки, кои родителите ги сочувале поради стравувањето дека е можна појава на леукемија која ја имало нивното прво дете.
2001:
Објавена е првата студија која се однесува на транспланација на матични клетки од папочната врвца, според која 90% од клетките се имплантирани во пациентот. Во некои случаи се користени две единици на крв од папочна врвца.
2003:
На светско ниво се извршени повеќе од 3.000 трансплантации на матични клетки, во периодот од две години (од 2001 до 2003 година).
2004:
Gesine Koegler и нејзините соработници објавуваат статија во научен магазин, Journal of Experimental Medicine, дека крвта од папочната врвца покрај хематопоетските матични клетки, содржи и плурипотентски матични клетки кои се способни да се трансформираат во други клетки на човелкото тело. Овој факт отвора нови перспективи во истражувањето и апликацијата на папочната врвца и го прави важно приватното зачувување на матични клетки кога е во прашање регенеративната медицина.
2006:
Европската унија го зголемува учеството на матични клетки од крвта од папочната врвца во терапијата на малигни и автоимуни заболувања, со што за овие заболувања крвта може да биде искористена како алтернатива на коскената срцевина.
Biohellenika стартува со работа во Грција, како најголема банка за чување на матични клетки.
2007:
Првата успешна автологна трансплантација на матични клетки од крв од папочна врвца, извршена врз дете кое страда од лимфобластна леукемија во 2003 година на 3 годишна возраст, чии родители ги зачувале неговите матични клетки во приватна банка. Четири години по трансплантацијата (2007), детето е живо и во добро здравје. Матичните клетки се инјектирани веднаш и опасноста од неприфаќање била минимална, затоа што матичните клетки потекнуваат од самото дете.
2008:
Резултатите од клиничките испитувања поврзани со апликацијата кај уште повеќе болести ги етаблираа матичните клетки како непроценлив биолошки материјал. Biohellenika го воспоставува методот за криопрезервирање на матични клетки од пулпата на млечните заби и нуди втора шанса на родителите и возрасните за криопрезервирање на ваков вид на матични клетки.
2009:
Biohellenika праќа зажувани матични клетки од крв од папочна врвца во САД (Duke Универзитетот) кои се аплицирани на дете со церебрална парализа. Детето учествува во светско тестирање заедно со уште 160 други деца и резултатите од третманот се многу ветувачки, како што е неодамна објавено. Уште едно дете со церебрална парализа ќе биде подложено на повторно внесување на сопствените матични клетки од крвта од папочната врвца, чии што родители предвиделе дека треба да ги криопрезервираат неговите матични клетки и истото ќе патува на Duke Универзитетот.