ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Ако очекувате бебе, можеби се прашувате како да го обезбедите неговото здравје во годините кои следат. Во БИО СТЕМ Ви нудиме можност да ги зачувате матични клетки од крвта и ткивото од папочна врвца на Вашето бебе.

Ова е едноставен водич кој ќе ви помогне во спроведување на чекорите од процесот и ќе Ви олесни вам и на Вашето семејство да разберете што се случува!

1. Контактирајте не

До денес, над 250,000 примероци се зачувани во БИО СТЕМ. Како што овој број продолжува да расте, така се зголемува и нашиот углед и довербата од родителите за нашата услуга.

Официјално акредитирани како "Лиценцирана банка за органи и ткива од холандското министерство за здравство", гарантираме највисоки стандарди за квалитет во однос на транспорт, обработка и безбедност на зачуваните матични клетки од Вашето бебе.

  • Сакате да дознаете повеќе за нашите услуги? Јавете ни се веднаш на 02/ 3 111 114 и побарајте Ваш личен инфо пакет.

  • Преземете ја нашата брошура за да се информирате за придобивките и идниот потенцијал на матичните клетки, како и за сите детали од постапката од колекција до криопрезервација.

 

2. Земете го китот за колекција!

По комплетирањето на документите и пред породувањето, ќе го добиете Вашиот кит за колекција со што ќе му овозможите на Вашиот лекар или акушерката да ги собере крвта и/или ткивото од папочната врвца.

Осигурајте се да го понесете китот за колекција со себе во клиниката за породување и да го информирате медицинскиот персонал за одбраната услуга.

Веќе го добивте вашиот кит за колекција? Сега сте подготвени да ги зачувате матичните клетки од Вашето бебе.

3. Колекција на Вашиот примерок

После раѓањето на бебето, лекарот или акушерката ја собира крвта од папочната врвца и/или ткивото, ги става примероците во китот за колекција и ги пополнува формуларите за идентификација. Вашите примероци се подготвени за испорака.

4. Повикајте го дежурниот телефон (24/7)

Веднаш после раѓањето, Вие или Вашиот партнер треба да се јавите на дежурниот телефон. Примерокот ќе биде подигнат од страна на овластен претставник и со помош на сертифицирана меѓународна курирска компанија, веднаш доставен во нашата лабораторија за обработка.

5. Обработка и чување на примерокот

Во нашата лабораторија, примероците се обработуваат со помош на целосно автоматизиран систем без никаков ризик од контаминација. Сите примероци се тестираат, и после успешните резултати, примерокот се подготвува за чување.

6. Сертификат за успешно зачувување

Во рок од шест недели, ќе добиете писмо со информација за резултатот од обработката и статусот на Вашиот примерок. Ќе ви се издаде сертификат со единствен број кој кореспондира со матичните клетки на Вашето бебе. Во случај примерокот да е потребен за медицински третман, матичните клетки ќе бидат достапни за ослободување во секое време.