ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Која е процедурата

Kако се собираат матичните клетки?

Собирањето на матични клетки се врши еднаш, веднаш по раѓањето и после спогодбата со вашиот гинеколог. После подврзување на папочната врвца, крвта што останува внатре во плацентата, се соира и складира во специјална ќеса која се испраќа во лабораориите на Biohellenika. Таму прво ќе се врши издвојување на матичните клетки и потоа откако ќе се направи целосна микробиолошка и вирусолошка контрола, за да се исклучи можноста од инфекција, матичните клетки се замрзнуваат на температура од -196° C во течен азот. Секоја фаза од процедурата се врши од страна на професионален персонал, врз основа на акредитирани и признати протоколи.

Во Biohellenika исто така можат да се чуваат дополнителни матични (стем) клетки после цедење на плацентата, како и клетките од папочната врвца (суштина на Wharton’s jelly) познати како примарни мезенхимални матичнин клетки.

Oбработка на примерокот

Друштвото применува затворена, дупла (двојна) процедура за издвојување, со отстранување на скоро сите еритроцити и финално количество на криопрезервирачки материјал за замрзнување, кој дозволува висок процент на вијабилност и опоравување.

Со затворената и дупла (двојна) процедура за издвојување, му се дава заштита на пациентот од појава на акутна хемолиза и од токсичната криопротектантна суспстанца (DMSO) И дава можност за замрзнување на материјалот на две посебни локации (Солун и Атина).