ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Чување на матични клетки

Чувањето на матични клетки се врши под површината на течниот азот на непроменлива температура од -196 ° C и во специјални епруветки (вијали), согласно со еден објавен протокол, што покажал до денес, одлична способност за живеење на матичните клетки, после 15 години (Brohmeyer et al 2003, PNAS, 100:645-650). Општо прифатено, дека овој начин на чување е единствениот кој обезбедува способност за живеење на матичните клетки на неограничен временски период и поради тоа се применува од најголемите приватни банки за матични клетки во светот.

Предностите од чувањето во специјални епруветки (вијали) е потврдата за долгогодишна сигурност на стем клетките, можност за сложени употреби, согласно со болеста, чистота на примерокот и употреба на сите видови на болести.

Biohellenika, како и најголемите банки на светот, ги чува матичните клетки во две простории. Половина количина од секој примерок на матични клетки се чува во лабораториите на фирмата во Солун, а останатите во лабораториите на Националниот Институт за Истражување (TAK EIE), која е подружничка компанија на Biohellenika и со која има интерен договор за соработка. Просториите за чување се апсолутно безбедни, се контролираат 24 часа и далеку се од радиолошко и озонско зрачење.

Причините кои го наметнуваат двојното чување е најголемата сигурност во случај на природна катастрофа, можност за сложени употреби без одмрзнување на првиот примерок и директно доставување на одмрзнатите матични клетки во случај на барање за терапевтска употреба од страна на родителите (сопственици на матичните клетки).