ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Кои болести денес може да се третираат со матични клетки од крвта од папочна врвца?

Почнувајќи од 1988 после првата успешна примена на матични клетки во третман на апластична анемија денес истите се употребуваат во третманите на леукемија и хередитарни крвни заболувања како таласемијата. Од 1995 матичните клетки од крвта од папочна врвца имаат иста примена со матичните клетки од коскена срцевина,но и поголема предност бидејќи не биле изложени на надворешно влијание и се помлади и повитални.

Од 2006 година, во согласност со објавата на European Group of Blood and Marrow, матичните клетки од крвта од папочна врвца се применуваат во програмата за автологна трансплантација кај имунолошки заболувања како јувенилен артрит, еритематозен лупус и мултипла склероза.

Според студијата објавена од Универзитетот во Аризона денес еден од тројца падациенти кои се над 60 години може да ги користат бенефициите од примената на сопствените матични клетки во третмани на кардиоваскуларни, офталмолошки, ортопедски, невролошки и ендокрини заболувања.