ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Што претставуваат мезенхимелните матични клетки кои се добиваат од ѕидот на папочната врвца (Warton’s jelly) и за што ни користат?

Папочната врвца содржи умбиликални крвни садови (две артерии и една вена) и слуз (Warton’s jelly) која што ги обвиткува овие крвни садови. Слузта содржи мезенхимални матични клетки кои под одредени услови може да се трансформираат во нервни клетки, коскени клетки, рскавични и затоа може да се применат во регенеративната медицина.

Овие клетки се користат за автологна трансплантација во третмани на автоимуни заболувања (мултипла склероза - МС, јувенилен артрит), регенерација на срцевиот мускул после инфаркт, регенерација на коска после скршеница и во терапија на неуродегенеративни болести. Нивната најзначајна употреба е во третмани на леукемија во случај кога имаме нецелосно компатибилни графтови бидејќи значително го намалуваат процентот на отфрлање на некомпатибилниот графт. Зачувувањето и на овие клетки го зголемува процентот на хистокомпатибилност во семејството.