ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

Дали е возможно овие матични клетки да живеат долг временски период?

The New York state Medical Department објави деја матичните клетки сочувани на многу ниска температура (во течен азот на -196℃) може да живеат бесконечно и да ги задржат сите свои биолошки функции. Не постои доказ дека матичните клетки кои се замрзнати на - 196 ℃ може да ја изгубат вијабилноста или својата биолошка активност. Се до овој момент не постои одреден рок за употреба за матичните клетки кои се замрзнати и се чуваат во течен азот. Студијата објавена од Broxmeyer во 2003 година покажала дека после одмрзнувањето матичните клетки до папочна врвца, кои биле замрзнати 15 години, ги зачувале сите свои биолошки активности.

Во лабараториите за истражување постојат вијабилни (активни) матични клетки кои се зачувани во течен азот уште од 1960.

Науката која се занимава со криопрезеравација на матични клетки тврди дека овие клетки остануваат вијабилни неограничен период. Тестот за вијабилност на матичните клетки направен направен во лабараториите на Biohellenika покажуваат висок процент на вијабилни клетки. До денес две деца со церебрална парализа се успешно третирани со одмрзнати матични клетки од крв од папочна врвца, кои претходно биле замрзнати најмалку две години.

  • Broxmeyer HE et al, 2003. High efficiency recovery of functional hematopoetic progenitor and stem cells from human cord blood cryopreserved for 15 years. PNAS USA, 100(2): 645- 50.
  • Koliakos G, Alamdari D, Tsagias N, Kouzi-Koliakos K, Michaloudi E, Karagiannis V. A novel high-yield volume-reduction method for the cryopreservation of UC blood units. Cytotherapy. 2007, 9(7):654-9