ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

-->

Wharton’s jelly Stem

Матични клетки од ѕидот на папочната врвка

Wharton’ jelly (ѕид на папочна врвца) е ембрионално сврзно ткиво кое ги опкружува крвните садови на папочната врвца. Ова ткиво содржи мезенхинални матични клетки кои не можат да се изолираат со класичниот медот или со дренажа од плацентата. Овој тип на матични клетки се изолираат од дел од ѕидот на папочната врвца, односно се добиваат со пресекување на дел од папочната врвца со должина од 10-15 см и во посебен стерилен сад се транспортираат во лабораториите на Biohellenika. Клетките се изолираат со методот на ензимска дигестија, се криопрезервираат и се зачувуваат во две крио-епрувети (крио-виали) во текот на наредните 20 години.

Во Biohellenika за изолирање и криопрезервација на матични клетки се користи методот на ензимска дигестија, а не крипрезервирање на целиот сегмент од папочната врвца. Благодарение на овој метод банката е способна во било кое време да им ги достави клетките на пациентите за нивна употреба наместо да се чека да се одмрзне парчето од папочна врвца и дури потоа да се изолираат клетките во време кога се им се неопходни на пациентите. Методот на изолирање на матични клетки од веќе замрзната папочна врвца е небезбеден и неквалитетен.

Денес матичните клетки од овој извор може да се диференцираат во нервни клетки, остеоцити (коскени клетки), хондроцити (рскавични), адипоцити (масни), кардиомиоцити (срцеви) и скелетни миоцити и затоа може да се користат во регенеративната медицина. Може да се користат и за симултана апликација на хематопоетичен трансплантант од ‘дарител” на нецелосно имуникомпатибилен “примател”,  со што би се спречило отфрлање на трансплантантот; за терапија на леукемија; и на други малигни заболувања.