ЗАТОА ШТО НАСМЕВКАТА Е ВАЖНА | БИОСТЕМ Е ИЗВОР НА ЖИВОТОТ

ШЕСТ ЧЕКОРИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ СЛЕДИТЕ

 

1600988 1487806788190017 7154240597509690167 n

 

1. Научно информирање

Професионалниот научен тим на Биостем Ви стои на располагање 24 часа за директна и детална информација. На нашиот телефон 02 3111 114 ќе добиете целосна информација за услугите кои Ви ги нудиме. Исто така, може да ги посетите просториите на Биохеленика каде ќе Ви дадат детални информации да го проследите целиот процес на обработка на еден примерок.

 

2. Сет за собирање на матични клетки

Со цел да се осигураат најстрогите интернационални стандарди за превоз и квалитет на материјалот, сетот за колекција на матичните клетки ќе Ви биде доставен Вам или можете да го подигнете во нашите канцеларии. Биостем преку изотермално пакување обезбедува пренос на биолошкиот материјал со континуирано следење на температурата.

 

3. Строга контрола на квалитет

Процесот на контрола на квалитет се изведува од квалификуван персонал основан на стандардизиран протокол развиен од Биохеленика. После одмрзнувањето на матичните клетки во Биохеленика процентот на здрави и активни клетки е над 95%, како што е процентот од акредитирани лаборатории во странство каде што биле користени примероци процесирани од Биохеленика за лекување.

 

4. Медицински извештај

Процесот на изолација и испитување на квалитетот на матичните клетки во лабораториите трае една недела. Потоа родителите се информираат за резултатот и добиваат писмен медицински извештај напишан и потпишан од директорот на лабораторијата.

 

5. Приватен договор

Потпишувањето на договор со Биостем Ви гарантира континуирано криопрезервирање на матичните клетки со единствени бонуси и придобивки кои Биостем ги нуди на семејството. Истовремено, Ви нуди бесплатна медицинска консултација во тек на траењето на договорот.

 

6. Финансиски придобивки

Уплатата се извршува после добивање на резултатите за квалитет. Контактирајте го специјализираниот персонал на Биостем да Ви ги објаснат алтернативните начини на плаќање.

Најдобриот избор за иднината на Вашето дете

 

 

12212371 156797891340080 180926251 n

 

Собирање на матичните клетки

- Бебето е поврзано со плацентата преку папочната врвка.

- Докторот ја сече папочната врвка, ја собира крвта со венопункција и ја става во посебен сад. Материјалот веднаш се доставува во Биохеленика.

- Кога се користи плацента, таа со комплетната папочна врвка се става во специјален дизајниран сет за транспорт на биолошки материјал.

- Таткото на бебето се јавува во Биостем (02 3111 114) веднаш откако материјалот е подготвен, а претставникот со возилото го транспортира до нашите лаборатории.

- Во Биохеленика се вршат сите испитувања на добиените материјали, крвта на мајката посебно се анализира и мајката нема потреба да прави дополнителни тестирања во следните 6 месеци.

- Матичните клетки се чуваат на температура од -196 степени целзиусови во течен азот и во различни простории.

- При користење матични клетки за лекување тие по потреба се транспортираат во замрзната (во течен азот) или одмрзната состојба до болниците во странство спремни за терапија.

- Матичните клетки се користат за терапија на самиот донор, но можат да бидат наменети и за возрасните од неговото семејство.